Креирана во 50-тите години од минатиот век и инспирирана од Џеки Кенеди, моделот на чанта „џеки“ е едно од култните парчиња на италијанскиот бренд „Гучи“. Во новото видео на модната куќа ја гледаме супермоделката Кејт Мос во стајлинг кој потсетува на 60-тите годнини и во кое ги промовира новите верзии на чантата. Амбиентот во видеото потсетува на џет-сет иконографија, а манекенката е снимена на аеродром, како бега од здодевните папараци фотографи.
Нема коментари