По повод 100-годишнината од излегувањето на првиот број на британското издание на највлијателниот моден магазин Vogue, BBC сними долументарец, чиј трејлер беше претставен деновиве. Режисерот Ричард Масер девет месеци поминал во редакцијата на Vogue, пратејќи го секој чекор на главната уредничка Александра Шулман, како и на новинарите и другите уредници, сè со цел автентично да ја долови атмосферата. Од прва рака пренесува што се случува додека се подготвиваат новите броеви, реални ситуцаии, за односот меѓу Шулман и славната главна уредничкана американското издание на овој маназин, Ана Винтур и друго. Во филмот со наслов Absolutely Fashion: Inside British Vogue се појавуваат повеќе познати личности од областа на модата како Марио Тестино, Кејт Мос, Еди Кембел и други. Филмот ќе биде прикажан на BBC Two во двадела. Првиот ќе биде емитуван на 8 септември во 21 часот.
Нема коментари