„Никој не го откри Александар Меквин, Меквин се откри себе си“, се вели во драматичниот тизер за еден од најочекуваните модни документарци наречен „Меквин“ (McQueen) посветен на животот на модниот гениј. Режијата и продукцијата ја потпишуваат Јан Бонхот и Питер Етеџуи, а Филмскиот фестивал Трајбека го најави како „живописен портрет на маченик, но инспириран од авторовите дела и карактер“.
Од краткиот тизер очекуваме филмот да биде интензивен спој на архивски снимки, ревии, поглед во бекстејџот, домашни снимки и емотивни интервјуа со најблиските пријатели и роднини кои ќе го опфатат животот и модното наследство на големиот Александар Меквин. „Меквин“ премиерата ќе ја има на 22 на Трајбека фестивалот. Подоцна ќе се прикажува во Лондон, на 8 јуни проекцијата на филмот ќе биде проследена со отворена дебата на која ќе учествуваат неговата сестра Џенет Меквин, внукот Гери Меквин, пријателот и асистент Себастијан Понс, и Детмар Блоу, сопругот на познатата и екстцентрична менторка на Меквин – Изабела Блоу.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари