Креативното дуо Доменико Долче и Стефано Габана лансираа нов мирисен производ, уште еден подарок од сончевата Сицилија и изобилството од цвеќе и овошје што островот ги нуди. „Долче“ претставува емоционално и сетилно патување до самото срце на модниот бренд и на Сицилија, родното место на Доменико. Самиот мирис е нежен и женствен микс на бели цветови, на почетокот чувствувате мирис на папаја и нероли, а потоа следат цветни ноти на нарцис и јужноафриканскиот цвет амарилис.
Нема коментари