Се враќа популарноста на модното парче познато како „боди“, горен дел од гардеробата кој се закопчува кај препоните, со што потсетува на едноделните костими за капење, а е идеално за оние што сакаат блузите и кошулите да ги носат пикнати во панталоните или здолништето. „Бодито“ со долги ракави е ефектно решение за овие денови и есенските стајлинзи. Во понудата на брендовите сретнавме модели со припиен крој и гол грб, но и во вид на кошули на преклоп и блузи со нагласени раменици. Некои од нив се одлични за вечерни и посвечени пригоди, а за дневно излегување погодни се едноставните модели кои можете да ги носите под сако. „Бодито“ не треба да изгледа како да е долна облека, туку како горно парче облека со закопчувањето кај препоните, решение што гарантира дека парчето облека нема да се тутка и да излегува од долниот дел од гардеробата.
Нема коментари