Ѕвездата на „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, и нејзиниот сопруг Метју Бродерик го ставија на продажба својот дом во Њујорк, по цена од 22 милиони долари. Луксузината градска куќа, со големина од 630 квадратни метраи, се наоѓа на Гринвич вилиџ, со престижна адреса – 20 East 10th Street. Се состои од пет соби, два балкона на покривот, приватна градина, дневна соба со бибиотека и огромна спална зона со балкон. Просторот изгледа пријатно и топло, вкусно уреден со многу стил. Очекувано, најголемо внимание привлекуваат собите-ормари на Сара Џесика, која важи за една најдобро облечените дами на денешницата. На една од фотографите се гледаат и дел од парчињата облека на модната икона.
Нема коментари