Година 2000. Три години претходно Џани Версаче е убиен пред својата вила во Мајами, а сестра му Донатела не само што е во тага, туку има задача да ја продолжи приказната на етикетата „Версаче“. Донатела по смртта на Џани се обидува да стави свој печат во модната индустрија, а не само да биде сенка на својот брат. Еден од моментите кој ќе ја дефинира како дизајер е ревијата за колекцијата пролет 2000 и еден фустан кој ќе смени многу нешта – проѕирен, секскапилен, со смело деколте и во смарагдно зелена боја со тропски шари.
Истата година Џенифер Лопез од актерка се профилира во пејачка и на доделувањето на Grammy наградите го облекува токму „тој“ фустан. Нема медиум во светот што не ја покри фотографијата од настанот и изгледот на Лопез, а креацијата се смета за една од највпечатливите во поново време.
Сега 18 години подоцна, Донатела на вчерашната ревија за предесенската колекција на „Версаче“ понуди нова верзија на креацијата – скоро идентичен крој, но во друг дезен. Оригиналната креација во 2000-та ја носеше Амбер Валета, манекенката се појави и вчера на пистата во рекреираната креација.
Нема коментари