Музичари, архитекти, дизајнери и сликари, помлади и постари граѓани, не дозволија да бидат спречени од високите температури и ги поминаа своите утра со екипата на „Дотерај го Скопје“ со цел за да ги разубават јавните површини во своите соседства. Фактот дека на 45 локации низ Скопје излегоа повеќе од 100 граѓани и засадија над 1.300 садници – бршлени во период од 2 месеци ветува светла иднина за позелен главен град.
Паралелно со овие акции за разубавување на градот, екипата на „Дотерај го Скопје“ подготвува 5 видео спотови за песни од домашни авторски бендови и музичари, кои со својата музика и различни активности ја подджруваат визијата за Скопје како позелена, урбана престолнина на Македонија. Станува збор за Александар Пешевски, Fierce, Флека, Mammoth & Yashem и Minstrels’ Gallery, чии спотови ќе бидат издадени во текот на овој месец.
Сите урбани херои ќе бидат претставени на фестивалот „Дотерај го Скопје“, кој ќе се одржи од 1 до 4 септември во Јавна Соба, во Скопје. Сите кои ќе присуствуваат на овој фестивал ќе имаат можност да научат нешто повеќе за активностите на „Дотерај го Скопје“, да посетуваат некоја од многуте работилници,предавања и дебати, или да ги слушнат музичарите во живо и да се дружат со нив.
До почетокот на фестивалот „Дотерај го Скопје“, 1 септември, сите граѓани на Скопје уште имаат можност да постанат урбани херои со разувабавување на јавниот простор во градот, односно со пријавување на локација на www.error501.mk и со следење на фејсбук страната на проектот https://www.facebook.com/doterajgoskopje
Проектот „Дотерај го Скопје“се спроведува од страна на Јавна соба.
Нема коментари