Драма студио ги презентираше новите модели машка и женска маица, за него и за неа со слоганот: Drama. You need more in your life
„Драма, Драма, Драма! Секому му треба повеќе позитивна Драма во неговиот живот. Тоа нам нè потсетува дека сме живи и дека не се плашиме од ништо. Предизвик на брендот Драма беше да ја креира новата едиција на машка и женска маица, буквално за секојдневната Драма во нашите животи.“ вели Ивана Кнез, модна дизајнерка и сопственичка на Драма студио.
Фотосесијата и видеото се режирани и продуцирани од Дарко Митев, кој е долгогодишен соработник на брендот. Како главни улоги во оваа Драма приказна се Ивана и Павел, во соработка со светскиот бренд Levi’s и нивните безвременски модели на фармерки.
Моделите на маиците ќе бидат достапни само по нарачка во Драма Студио и онлајн.
I am Drama. Don’t you Drama me.
Нема коментари