Дуксерите со графичко решение и маичките со принтови се по мерак на македонската урбана публика, два бренда следнава недела промовираат токму такви креации.
Во вторник, на 5 декември, брендот Dreadpen ќе ја претстави колекцијата за зима 2017, со нови дуксери, маици, стикери и нотеси. Промоцијата е закажана во скопското кафуле „Винил“ од 19 часот до полноќ, музичка поддршка е DJ Drama од бендот „Зад аголот“.
Два дена подоцна, на 7 декември, во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје, брендот „Раце горе“ организира поп-ап продавница на која ќе бидат достапни креациите за есен-зима 2017/18, а настанот е замислен како целодневен чил аут ден. Почнува во 13 часот, а од брендот велат дека во следниве денови ќе информираат повеќе детали за комплетната агенда.
Нема коментари