Познатата дизајнерка Тања Кокев покрај редовните модни претставувања преку ревии и фотосесии, во свото портфолио има и костимографски ангажман, нејзина креација прошета и на црвениот килим на „Оскарите“, ги облече дамите од оркестарот на Македонска филхармонија, а сега заедно со својот креативен тим ќе се погрижи за изгледот на костимите на Дуке Бојаџиев и пријателите, по повод на концертот кој ќе се одржи на 20 февруари во скопската арена „Метрополис“.
-Особено се радувам што конечно го запознав Дуке, музичар кој го ценам одамна и се надевам дека ќе придонесам да се чувствува пријатно и „во своја кожа“ на сцена. Неговата музика е комплексна, има традиција во основата, но значителна модерна надоградба, па тоа беше присутно и во основата на мојата креација за него. Се работи за човек кој во себе носи и лежерност на уметник, а појавност на ѕвезда, па тоа ми беше во позадина цело време. За неговите „пријатели“, пак, исто така беше предизвик да се осмисли костимографијата, бидејќи се работи за јаки личности со сопствен уметнички израз, но кои овој пат приѓаќаат на уникатен спој на музичари. Се обидов да го следам стилот на секој од нив, комбинирајќи го со своето лично видување и со идејата за овој музички настан. Се надевам дека направив приказна подеднакво уникатна како и музиката на која ќе и служи – изјави Тања Кокев за оваа пригода.
Нема коментари