Мода во време на коронавирус
Иако до пред неколку денови размислувавме за пролетните фустани и сандалите, животот за време на пандемијата на Ковид-19 значи прилагодување, седење дома и носење на удобна облека. А има ли нешто поудобно од мек дуксер или блузон, модното парче кое е популарно неколку сезони наназад. Таа неколкусезонска популарност значи дека повеќето од нас веќе имаат барем еден дуксер, а еве и една селекција од брендовите како Zara, Bershka, H&M, Levi’s, Superdry, Lacoste. Ако деновиве планирате да набавите ново парче, искористете го купувањето преку интернет. Удобни и стајлиш, дуксерите носете ги по дома, кога ќе помине опасноста од вирусот, ќе ги облечете и за излегување.
Нема коментари