Тимоти Шаламе како Пол Атреид, осамен, облечен во црна облека, се подготвува да ја напушпи родната планета и да замине за Аракис – ова е првата слика од римејкот на култниот научно-фантастичен класик „Дина“. Се работи за нова филмска адаптација на романот „Дина“ на Френк Херберт од 1964 година.
Новата верзија ја режира Денис Вилнев, а покрај Тимоти во филмот ќе се појават Ребека Фергусон, Зендаја, Шарлот Ремплинг, Џејсон Момоа, Оскар Ајзак, Стелан Скарсгард, Хавер Бардем, Џош Бролин и Дејв Баутиста. Премиерата е закажана за 18 декември, но фановите се веќе возбудени и ја исчекуваат новата филмска верзија.
Во оваа интергалактичка сага го следиме Пол Атреид, кој потекнува од аристократско семејство на планетата Каладан, и се одлучува да ја завземе пустинакската планекат Аракис, богата со зачинот меланж, кој го продолжува животот…
Романот „Дина“ на Херберт веќе има филмска верзија од 1984 година на Дејвид Линч, а во која Кајл Меклахлан го глумеше главниот лик.
Нема коментари