Постои битка помеѓу луксузната и брзата мода на врвот на листата на Forbes за најбогати во Европа, поточно битка помеѓу Бернар Арно, првиот човек на конгломератот за мода и луксузна робa LVMH и Амансио Ортега, сопственикот на Inditex под чија компанија е брендот „Зара“, кои се менуваат на првото место на најбогатите во светот на модата. Таа битка сега ја води Арно, кој после неколку години се врати на првото месо на листата на најбогат Европеец и на најбогат во светот на модата, и со богатство од 70.7 милијарди долари го симна Ортега од тронот. Интересно е е дека најбогатите во Европа доаѓаат од светот на модата и текстилот, а на листата се сопственици на компании за часовници и козметика. Тоа е доказ дека текстилната и модната индустрија и тоа како носи профит.
Бернар Арно е сопственик на конгломератот LVMH кој менаџира над 70 брендови на лускузна роба како Louis Vuitton, Céline, Dior, Loewe, Sephora, Moët, Givenchy, Guerlain, Moynat, Kenzo, Bulgari, Hennessy, Pucci, Tag Hauer, Berluti, Fendi… Во раководењето на компанијата вклучени се и неговите деца Антоан и Делфин, од неодамна и синот Александар.
Амансио Ортега како сосптвеник на конгломератот Inditex ги поседува high street брендовите Zara, Zara Home, Massimo Dutti, Bershka, Oysho, Pull&Bear, Stradivarius и Uterqüe.
Бернар Арно е четвртиот најбогат човек во светот, најбогатиот во Европа и дефинитивно најбогатиот во светот на модата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.






























Нема коментари