• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп, книги-магазини 0

Промовирана сликовницата „Џиновска продавница за фантазии” од Бистра Георгиева

Од stylist @StylistMKD · На март 7, 2019

1

Новата илустрирана книга за деца „Џиновска продавница за фантазии” од авторката Бистра Георгиева беше промовирана вчеравечер (6 март 2019 г.), во книжарницата „Литература.мк” на улицата „Македонија”. Книгата, во издание на „Либи”, дел од „Арс Ламина – публикации”, е со илустрации од шпанската илустраторка Моника Каретеро.

Уредничката на сликовницата, Билјана С. Црвенковска, на промоцијата истакна:

– Не сите го разбираат светот на детската фантазија, а според мене тоа е најголемиот предуслов да се биде добар автор за деца. Зборуваме вистински добар, што децата ќе го сакаат. А, тие сакаат работи што соодветствуваат на нивниот свет на фантазијата, кој е неограничен, за разлика од оној на возрасните. Кај децата ги нема пречките од типот логика, броеви, закони, правила, горе и долу, лево и десно, црно и бело. Кај децата често црното може да биде и бело, она што е лево речиси секогаш е десно, а горе е многу позабавно од долу. А, пак, за логиката, морам да речам, и нема баш место во детскиот свет. Не, во нивниот свет има место за чуда, волшепства, авантури, бои, звуци, вкусови… има место за безброј светови и незамисливи суштества. Добрите писатели за деца го разбираат светот на најмладите, како и оние што еден ден ќе прераснат во добри, а потоа и во одлични писатели за деца. Еден писател, односно писателка, која веќе сигурно гази по тој пат е Бистра Георгиева, а нејзината книга „Џиновска продавница за фантазии” раскажува приказна токму за неизмерниот, бесконечен свет на детската фантазија – рече Црвенковска.

2

Авторката Бистра Георгиева, во своето излагање, како и во книгата, ѝ се заблагодари на својата мајка, познатата писателка Јагода Михајловска-Георгиева, „за сите раскажани и измислени приказни пред спиење во детството”.

– Да не беа приказните на мојата мајка, речиси секоја ноќ пред спиење, ништо од ова немаше да постои. Дури сега сфаќам какво влијание имало тоа кај мене, колку раскажувајќи, ми ја поттикнувала љубопитноста и фантазијата. И никогаш не ѝ било тешко да измислува нови приказни. Ете, затоа сум ѝ бескрајно благодарна. Благодарна сум на издавачката куќа „Арс Ламина” за поддршката и за успешната реализација на нашата замисла, книгата да биде навистина џиновска. Отсекогаш сум сакала џиновски формат на сликовница. Благодарна сум и на упорноста и поттикот од уредничката Билјана Црвенковска. Кога почнав да ја пишувам книгата во мислите ми беа неколку работи од кои децата се плашат, па се обидов да ги прикажам на поинаков начин. На пример темница, таа не е страшна ако замислиме дека тоа може да е јорганот на Џинот кому му е студено пред спиење. И така, понатаму си ја проширив идејата и на други поими како ѕвездите кои се обетки на небото и сфатив дека секое дете и секој родител може да има безброј различни фантазии, само ако малку си дозволат да си ја отворат мислата – рече Георгиева пред преполната книжарница „Литература.мк” во која најбројни беа децата и нивните родители.

4

Бистра Георгиева е дипломиран социолог, магистер по комуникации и има завршено филмски колеџ во Данска. Својата професионална кариера ја почна како волонтер во филмот „Сенки” на Милчо Манчевски, по тоа работи на неколку филмски проекти. Шест години беше дел од невладината организација „ОХО”, со ангажман на проектот „Пет плус”. Има напишано и сценарио за цртаниот филм „Едно поинакво пријателство” . Три години беше уредник во „Фчерашни новости”. Моментално работи како раководител на канцеларијата Креативна Европа МЕДИА за Македонија.

„Џиновска продавница за фантазии” е нејзина втора книга за деца, по сликовницата „Ото, Ото и Ото”, исто така работена во соработка со Моника Каретеро – моментално една од најдобрите илустраторки во светот. Каретеро има издадено повеќе од 70 книги во Шпанија, Англија, Австралија и САД и е добитничка на повеќе престижни награди, меѓу кои и за најдобра книга на лондонскиот и на шпанскиот саем на книги.

3

77519895-e8f7-4a85-b20f-a7b1287d9cf7

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi калеидоскоп

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • ????????????????????????????????????? калеидоскоп

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics