Умешноста до совршенство да направи носив спој меѓу лежерната мода и луксузните и елегентни парчиња H&M ја потврдува и со новиот есенски водич претставен деновиве. Во новата кампања наречена Easy Opulence моделите се едноставни и лесни, но споени во софистицирани и навидум скапи комбинации. Доминира корално-црвената боја, која е миксана со валкано бела, џинс и зелена боја. Продолжува цветната доминација од претходните сезони: застапени се комбинезони, фустани и панталони со булки. Понудени се модели кои лесни се за комбинирање како: фармерки, кошули и блузи со црвено-бели или црно-бели пруги , корално-црвен фустан и костум, како и џемпер налик на бомбер јакна со натпис на грбот. Едно од најинтересните парчиња е блузонот порабен со црнеи пруги и амблем. Стајлизните се заокружени со впечатливи обетки со реси и чизми до глужд во црвена боја, бели патики, како и со тенки дискрени златни ланчиња.
Нема коментари