Леснотијата на летната мода е внесена во новата мини-колекција на Сандра Камилоска од новиот македонски бренд „Мала камила“, претставена деновиве во концептуалниот простор error kolektiv во Скопје. После деби колекцијата Woman, Камилоска ја подготви новата наречена Easy Summer која што содржи долги фустани, шарени комплети и ленени сакоа со комфорни кроеви и од природни материјали, идеални за „прелабаво“ лето. За презентација брендот подготви и едиторијал кој го потпишува фотографот Жарко Чулиќ. Колекцијата на „Мала камила“ за пролет-лето 2018 месецов ќе биде изложена во error kolektiv.
ЕАSY SUMMER by MALA KAMILA
Фото: Жарко Чулиќ/ Модел: Robyn Mila/ Шминка: Васе Доковски
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари