Во екот на Светското првенство во фудбал што се одржува во Бразил, четири бразилски супермоделки, Адријана Лима, Изабели Фонтана, Алесандра Аброзио и Ракел Цимерман, позираа за јунскиот број на американски Vogue, ама и во кратко видео зборуваа за опсесијата на Бразил со фудбалот, за играњето фудбал во дворче, за тоа дали и самите се снаѓаат со топката, како и дека се надеваат дека сите ќе бидат на стадион за време на финалниот натпревар. „Во Бразил момчињата си играат со фудбал, девојчињата со мода“, вели Алесандра Амброзио резимирајќи го успехот на фудбалерите и доминацијата на Бразилките во светската мода.
Нема коментари