Британскиот актер и оскаровец Еди Редмејн е заштитно лице на рекламната кампања за машката колекиција на италијанската куќа „Прада“ и се појавува на промотивните фотографии на Крег Мекдин во креации за сезоната есен-зима 2016/17. Фотографиите на Мекдин имаат цел да ги евоцираат неокласичните слики од 19 век, кои според соопштението на „Прада“, ги начнуваат „површината и длабочната, илузијата и реалноста преку Редмејн кој глуми неколку улоги – херој, негативец, револуционер… со што го разбива романтичарскиот поглед на идеализираната природа“.
Ѕвездата од филмот „Теорија на сè“ и претходно се нашол во улога на модел на позната модна куќа кога во 2008 година се појави во камапања на „Барбери“. Модниот свет одамна го забележа стилот на актерот и често е на листите на најубаво облечени мажи, од кои два пати со титулата на магазинот GQ за најдобро облечен Британец.
Нема коментари