• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

DUNES: Колекција на Мите Занов инспирирана од пустината

Од stylist @StylistMKD · На јули 1, 2020

mite zanov (9)

Дизајнерот Мите Занов има нова колекција Dunes инспирирана од пустината, во географско, но и со метафорично значење, па соодветно ја претставува преку фотосесија направена во пустински амбиент, во која трите манекенки Ангела Младеноска, Соња Граздани и Магдалена Георгиевска позираат пред објективот на Мартин Трајановски.

-Пустинските дини, создадени со напластување на песок, разнесен со помош на силата и моќта на ветерот, симболично за мене ги претставуваат сите предизвици што ги носи животот на секоја индивидуа… Убави и среќни моменти, подеми и падови, искачување и исполнување на целите, разочарување од самите себеси и од другите, животни приказни, секоја сама по себе уникатна и посебна на свој начин. Пустината, што се смета за еден вид изолиран простор на Земјата, простор без вегетација, со мал процент на вода, и место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема, метафорично е поврзана со ситуацијата и состојбата во која се наоѓа моментално цел свет. Изолирани, затворени, без љубов и со изгубена надеж… Но сепак со борба, единство и позитивна енергија. Но, пустината си има своја волшебна убавина, исто како и секој човек на оваа планета – вели дизајнерот за појдовната инспирација и за размислите кои влијаеле на обликувањето на облеката.

2 mite zanov

Тој наведува дека од овие размисли доаа и главната порака на колекцијата – дека без разлика на сè, без разлика на тоа што и да ви се случува во животот, колку и да се чувствувате осамено, изолирано, несакано, разочарано, без срам треба да прифатите тоа што сте…

-Дајте си сами на себе љубов, почитувајте се, сакајте се и не заборавајте, секој од вас е посебен и волшебен на свој начин. Себе љубовта, на оригинален начин е прикажана преку кроевите на креациите со техника која за мене претставуваше нов вид на изработка и експериментирање. Односно, воведов интересен начин на спојување на материјалите, преку спирална техника, која може да се забележи во неколку модели и со која се прикажува обвиткување на телото, себе-гушкање, допирање и галење… Со оваа техника, значително да се напомене и дека нема никаков отпад при изработка на моделите, односно преку zero waste на самите материјали, со мали, но сигурни чекори, се обидов свесно да допринесам во заштитата на планетата Земја, помало загадување за почист живот.

1 Mite zanov

Материјалите во колекцијата, се внимателно одбрани, меѓу кои преовладуваат лесни и лелеави материјали, погодни за летна сезона, како памук, вискоза, свила и шифон. Палетата на бои е совршен приказ на пустината – земјени тонови, крем нијанси, загасити сиви, зелени, жолти и розеви тонови, како и контраст на црна и бела боја. Во колекцијата е застапен различен асортиман на дизајни и модни парчиња, кратки и долги панталони, кратки и миди фустани, сакоа, здолништа, комбинезони, блузи, а исто така целосната слика ја надополнува и рачно изработен накит во златна боја, аксесоари кои нагласуваат посебен дел од телото.

Погледнете го едиторијаот за новата колекција на Занов.

mite zanov (2)

Фотографија: Мартин Трајановски/ Модели: Ангела Младеноска, Соња Граздани, Магдалена Георгиевска (ModelsIn, ZOA Models) / Шминка: Миа Арабаџиева / Фризура: Елена Николовска / Асистенти: Димитар Бабков, Тони Петрушевски/ Накит: ZANOV / Чевли: Victor Chevignon / Special thanks: Емил Поповски

mite zanov (7)

mite zanov (1)

mite zanov (5)

mite zanov (13)

mite zanov (6)

 

mite zanov (8)

mite zanov (12)

mite zanov (11)

mite zanov (10)

mite zanov (3)

mite zanov (4)

 

DunesZanovмакедонска модамакедонски дизајнмакедонски дизајнериМартин ТрајановскиМите Зановфотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1rosica едиторијал

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

  • 1stefanija едиторијал

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics