Модниот креатор Роберт Ивановски сними едиторијал со фотографот Дарко Мораитов за новата колекција R8 наменета за есен 2017. Фотосесијата е направена во скопскиот ноќен клуб Epicentar, а моделите наменети за двата пола ги носат манекените Елена Анѓеловска (модното студио „Црнокрак“) и Бојан Макревски („Моделс Ин“). За фризурите и шминката се погрижи „Фран“.

Женските модели ги носи Елена Анѓеловска од модното студио „Црнокрак“
-Колекцијата е инспирирана од урбаната култура од 90-те години на минатиот век, односно од музиката, модата и начинот на живот во таа декада. Во линијата доминираат црната и белата боја, вклучувајќи разновидни парчиња и силуети, со многу волумен, текстура и меки влакна, па низ неа се среќаваат од преголеми пончоа, наметки и блузони, до софистицирани секси здолништа и фустани-вели Ивановски.

Фотографиите ги сними Дарко Мораитов во скопскиот ноќен клуб Epicentar

Машките креации ги претставува Бојан Макревски („Моделс Ин“).
Нема коментари