• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
едиторијал 0

Модни скопски разгледници: Европски креации на знаменити градски локации

Од stylist @StylistMKD · На април 20, 2019


05

Новиот урбан едиторијал претставува кулминација на проектот „Обединета мода“ што се одвиваше во рамки на неодамна одржаното деветнаесетто издание на Моден Викенд Скопје

За време на последното издание на Моден Викенд Скопје посетителите имаа можност да го посетат се шоурумот „United Fashion SEE“, на кој беа изложени креации на 28 интернационални дизајнери и брендови, кои премиерно ги изложија колекциите за есен-зима 19/20. Освен на промотивните штандови во зградата на Европски универзитет, парчињата на претставниците од седумнаесетте различни земји за момент „оживеаа“ и на модната писта, како дел од заедничкиот перформанс што го погледнаа присутните купувачи, медиуми и гости на Моден Викенд Скопје.

06

Впечатливите европски креации најпосле се преселија и на добро познатите и знаменити локации во метрополата, како што се студентскиот дом „Гоце Делчев“, тврдината Кале, потоа Музејот на современата уметност, како и Македонската опера и балет. Идеен творец на едиторијалот е фотографката и стилистка Јована Зука.

09

- На изминатиот Моден викенд имавме исклучителна можност да видиме колекции од дваесет и осум навистина посебни дизајнери на United Fashion SEE шоурумот. Исклучителна беше и можноста да се фотографира и стилизира еклектичниот микс на дизајнерски парчиња и да се создаде едиториал чија цел е претставување на шоурумот. Бирајќи неколку локации кои се за мене меѓу најмаркантните и визуелно најинтересните во Скопје, сакав да ги ставам интернационалните парчиња во впечатлив локален контекст, на места кои се за мене најинспиративни во овој град – изјави Зука.

01

Монументалните архитектонски градби и околината се покажаа како совршена позадина за шареноликата естетска визија на модните марки од Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија, Естонија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

11

Главната улога пред објективот на Јована Зука им припадна на манекенките Миа Симоновска и Симона Ангеловска, чија фризура и шминка е дело на Даниел Артевски и Васе Доковски од студиото Beauty Hub 202. Официјален партнер и омилен избор за чевли на Моден Викенд Скопје останува Bellmondo Shoes.

02

Дел од проектот „United Fashion“ се и европските здруженија за поддршка на модната индустрија: MAD Brussels Fashion and Design Platform (Белгија), Flanders DC (Белгија), ModaLisboa (Португалија), Baltic Fashion Federation (Латвија), Maison de Mode (Франција) и Fashion Council Germany (Германија).

„Обединета мода“ ја доби поддршката од програмата „Creative Europe“ на Европската унија.

03

04

07

08

10

12

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1rosica едиторијал

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

  • 1stefanija едиторијал

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

  • angie m (13) едиторијал

    OCEAN MYSTIQUE на Angie M. – колекција на костими за капење и облека за на плажа со која стилски ќе нурнете под океанот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics