Минатата година во декември во кафе барот „Љубов“ започна еден проект од страна на неколку ентузијасти со многу слободно време на располагање и нескротена креативна енергија, проект чија цел е да се промовира креативноста кај младите. Тој проект се вика Љубовен Базар, а неговото мото е #SupportTheArtist. Една година подоцна, на 17 декември се организира деветтиот по ред, а прв роденденски Љубовен Базар на кој ќе изложуваат повеќе македонски дизајнери, уметници и креативци кои ќе претстават рачно изработени предмети и накит.
- Мора да признаеме, необична коинциденција, но прославата на петтиот роденден на „Љубов“ и првиот роденден на Љубовниот базар се паѓаат во иста недела. Бидејќи сме еуфорично и славенички расположени на овој базар сакаме да ги споиме креативното, практичното, убавото, забавното и хуманитарното, а сценариото би изгледало некако вака: старт 17 часот и крај на полноќ, 11 млади креативци како учесници, учениците од Бреинонбреин центрите како гости со нивни новогодишни ракотворби, а средствата од нивната продажба ќе бидат донирани во хуманитарни цели – најавуваат од „Љубов“. Пијалак на базарот ќе биде топло вино, а за музиката е задолжен диџеј Алек Пулиос.
Нема коментари