Колку поголема толку подобро
Кога зборуваме за модните додатоци не смееме да го игнорираме накитот, кој доста влијае имиџот да биде комплетен. Меѓу трендовите за есен-зима 2020/21 се издвои овој интересен и впечатлив стил – една обетка со покрупен изглед. Обезбедува спектакуарност во целосниот изглед и кога носите една голема и впечатлива обетка, остатокот од комбинацијата нека биде посмирена, а обетката единствен накит. Овој стил го видовме во креациите на Валентино, Off-White, Дрис Ван Нотен, Балман, а посебно внимание привлекуваат моделите на Y/ Project, во вид на спирално поставени перли или како стилизација на цвет (како на првата фотографија).
Нема коментари