Едноделните и еднобојни костими за капење со прерамка на едно рамо станаа популарни во 70-тите години од минатиот век, и во тоа време беа модна спротивновност на шаренилото на хипи модата и на бохо изразот. Овој модел на костим за капење се врати во мода, што може да се забележии од колекцијата за пролет-лето 2019 на „Шанел“. Преовладуваат модели во црна боја или во црно-бела комбинација, кои ќе бидат хит ова лето, особено кај оние што преферираат минималистички и прочистен стил.
Нема коментари