Еден од најценетите модни креативци и стилисти на меѓународната сцена, Едвард Енинфул, е новиот главен и одговорен уредник на британското издание на Vogue. Оваа вест ја потврдија директно од менаџерскиот тим на магазинот, со ова Енинфул ќе ја наследи Александра Шулман и на позицијата доаѓа на 1 август. Од Vogue велат дека „Енинфул е влијателна фигура во модната заедница, Холивуд и музиката кои го обликуваат духот на времето. Врз основа на својот талент и искуство, Едвард е супериорно подготвен да ја преземе одговорноста во британскиот Vogue“.
Енинфул во Vogue UK доаѓа од позицијата моден и креативен директор во W Magazine, каде што беше од 2011 година и за тоа време создаде интересни едиторијали. Роден во Гана, Едвард во детството се преселил во Лондон, на 16 години почнал да работи како модел, а потоа како стилист во повеќе модни пувликации како i-D, италијански и американски Vogue, и како консултант на модни кампањи.
Еве дел од работата на Енинфул:
Нема коментари