Македонската манекенка со интенационална кариера Елена Реи периодов беше ангажирана на неколку проекти, насловни страници, кампањи и фотосесии, како и за престижната козметичката куќа La Mer.
-Иако сме навикнати да ги гледаме странските топ модели да рекламираат врвни брендови и нивните линии, тука може да се пофалиме и со нашата единствена Елена Реи која успешно работи во светот и е една од малкуте Македонки кои работат со светските брендови. Покрај соработката со Diane Von Furstenberg – DVF, e-comm каталози за Lou & Grey, Donna Karran – DKNY, Елена имаше две насловни за модниот магазин Vulcanize и стана заштитно лице на козметичката куќа La Mer. Откако минатата година напорно работеше во Токио и Њујорк, пред извесно време отпатува за Азија каде ќе престојува се до летото. Нејзиното модно портфолио е големо богатство и багаж кој ќе и овозможи понатамошна соработка со најдобрите брендови во светската модна индустрија. Секако нејзиното име останува запишано во поновата македонска модна индустрија – изјави Алек Наумовски од нејзината матична модна агенција „Моделс Ин“.
Нема коментари