Нашиот топ модел Елена Реи деновиве беше ангажирана да слика каталог за престижната дизајнерка Моник Лулие (Monique Lhullier). Иако препознатлива по нејзините раскошни венчаници оваа американска дизајнеркасо филипинско потекло исто така дизајнира свечени тоалети и ready-to-wear колекции.
- Елена беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо во Италија, на истото место на кое пред неколку одини снимаше фoтосесија со венаници на големите модни брендови за Harpers Bazaar. По завршувањето на снимањето во Италија, Елена се врати во Дерми, Албанија, за да го продолжи својот летен одмор – вели Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент.
Низ годините креации на Моник Лулие носеле голем број познати дами на разни свечени настани и престижни фестивали, како Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез,Т ејлор Свифт и Меланија Трамп.
-Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел после наметнатата пауза предизвикана од епидемијата на Ковид 19 – вели Алек.
Нема коментари