Македонската манекенка Елена Реи деновиве се појави на модната ревија на Marc Cain во рамките на актуелната Берлинска модна недела. Marc Cain е еден од најдобрите германски дизајнери и е светски познат, а гостинка на ревијата што се одржа во вторникот му беше холивудската ѕвезда Кејти Холмс.
Елена Реи неколку години наназад успешно гради светска кариера, неодмна работеше на кампања за шпанскиот бренд El Corte Inglés, а од нејзината матична модна агенција „Моделс ИН“ од Скопје потврдија дека манекенката се подготвува за следните модни ангажмани.
Нема коментари