Македонскиот топ модел Елена Реи фотографирана во бјути едиторијал на јапонското издание на модниот магазин Elle, како што можеме да се информираме од Инстаграм профилот на манекенката. Елена е една од нашите најуспешни манекенки, а периодов работи и престојува во Токио и во Јапонија останува до крајот на март.
Манекенката го полни портфолиото со модни ангажмани, пред извесно време се појави на ревија на познатиот американски дизајнер Ралф Лорен во Токио. Таа носеше три креации од новата колекција на Лорен, а имаше привилегија да ја затвори ревијата со венчален фустан.
Во агендата стои дека Елена е букирана за неколку нови проекти, меѓу кои и шоурум за „Фенди“. Еден од последните ангажмани е и фототсесија за е-комерц каталогот за Томи Хилфигер.
-После Токио Елена заминува на нова дестинација, но заради големиот број на ангажмани тимот кои стои позади неа MSO (Model Scouting Office ) ќе реши каде најдобро би ја пласирале – ни откри Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН. Последно на Елена во Манкедонија се неколку значајни проекти за накит, мејк ап линија и како бренд амбасадор на козметика.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари