Македонскиот топ модел со плодна кариера и бројни интернационални ангажмани, Елена Реи, веќе подолго време престојува во Азија. Неодамна таа изработи кампања за Felin Jewelry, познат бренд за накит од Сингапур. Оваа уникатна колекција на накит која вклучува различни модни додатоци ќе биде пласирана за предстојната модна сезона.
-Со нејзината кариера која трае повеќе од петнасет години Реи ќе биде запаметена како една од ретките Македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси. Оваа наша убавица која поседува моќна трансформација е вистински пример за врвен професионален модел. По Токио и Сингапур, Елена Реи патува за Шангај, каде работи кампања за нова колекција на светски познат дизајнер. А нам како нејзина матична агенција ни преостанува да и бидеме вечна подршка бидејќи не представува низ светот во вистинско модно светло – велат од Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари