Една од нашите најдобри и најпопуларни манакенки Елена Реи (Елена Трајановска) последниве години изгради неверојатна кариера. Голема пресвртница беше кога во 2015 година се појави на модна ревија на Келвин Клајн, веднаш потоа модната библија Vogue ја стави на својата листа на модели на кои им се предвидува блескава кариера.
За среќа тоа навистина се случи, па денес Реи може да се пофали со фантастично портфолио во светскиот моделинг. На неодамнешниот работен престој во Кина успешно ги промовираше кампањите за најголемите кинески брендови како MOTF, SHEIN и D : FUSE.
-Со право и гордост можеме да констатираме дека нашиот најуспешен топ модел ја покори Азија – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.
Реи кариера ја започна сега веќе во далечната 2009 година, а само две години подоцна работеше ревии во Милано за светскиот бренд Blumarine. Покрај кампањи, фотосесии и ревии во Македонија, Елена се појавила на модните недели во Париз, Милано, Њујорк, Берлин, во кампањи за Massimo Dutti, Cerruti, Diane von Furstenberg, Chopard, El Corte Inglés, Galeries Lafayette, Sephora и во едиторијали за Harper’s Bazaar, Ell и други модни списанија.
Нема коментари