Елена Реи во своето богато манекенско портфолио сега може да вброи уште еден светски моден бренд – фотосесија во која го промовира ексклузивниот бренд за пефинет накит и часовници Chopard (Шопард ). Македонската манекенка Елена Реи повеќе од 10 години гради успешна интерционална кариера, таа e топ модел со ангажмани во едиторијали, кампањи и модни ревии на светски познати модни имиња.
-Chopard е една од најстарите и најпознатите швајцарски компании кои произведуваат рафинирани часовници и накит . Датира од 1862 година и доволно е да се спомене дека на престижната аукција Кристис нивниот рачен часовник Happy Diamond беше продаден за сума од 1,67 милиони долари. Реи веќе подолг период престојува во Азија ( Кина, Јужна Кореја, Хонг Конг ), каде што работи кампањи и каталози за светски брендови – нѐ информира Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс Ин.
Нема коментари