Младата и сè поуспешна манекенка Елена Трајановска продолжува да реди нови ангажмани. Најново е што сними насловната страница на списанието наменето за модели од крзно, Fur, како и внатрешен моден едиторијал. Елена настапува на избрани модни настани кај нас, последно беше ревијата венчаници на „Кокев“, но во моментов е во Милано и поактивна е на меѓународната модна сцена. Учествуваше на ревии во рамките на Миланската модна недела минатиот месец и сними неколку lookbook фотосесии кои сè уште се во постпродукција, од кои значаен е оној за линијата CK на Келвин Клајн.
Нема коментари