Од традиционална венчаница со долги ракави до мини краток фустан, британската пејачка Ели Гулдинг на својата свадба смени дури четири модели на свадбен фустан. Викендов таа се омажи за Каспер Џоплинг, а свадбата ја почна со традиционален фустан во викторијански стил, кој го носеше за црковната церемонија.
Венчаницата е креација на Chloé, односно модел направен по мерка од страна на дизајнерката на оваа француска модна куќа, Наташа Ремзи-Леви. Фустанот е во строг викторијански стил со долги ракави и висок околувратник од тул, и на него се навезени ситни цветови, како и иницијалите на Ели и Каспер.
Но една венчаница беше малку, па Ели во текот на денот смени уште три фустани – едноставен модел со спуштени раменици од Стела Макартни, комплет со перли во горниот дел кој што е нова верзија на нејзиното омилено парче од есенската колекција на Ralph & Russo и на крајот облече краток фустан од Balmain.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари