Комплементарните комплети од широките панталони и сако се голем есенски тренд, кој ѕвездите на уличната мода веќе го носат, еве како тоа изгледа во интерпретација на манекенката Емили Ратајковски. Во нејзиниот стил комлетот е лежерен и со призвук на модата 80-тите, потсетува на стилот на Мелани Грифит во филмот „Деловна девојка“. Емили костимот го комбинирала со краток топ и со New Balance патики. Одлична есенска комбинација која спојува тренд, доза на сексапилност и умерена елеганција.
Нема коментари