Познатиот Еминем со фристајл-рапување го нападна владеењето на американскиот претседател Доналд Трамп, во видеозаписот со неговата анти-Трамп тирада се појавуваат и парерите Вестсајд Ган и Конвеј кои во еден момент забележуваме дека носат дуксери на кои е испишано „Семоќниот“ на кирилица. Дуксерите се дел од брендираната роба на продуцентската куќа „Гризерда рекордс“, и се продаваат на сајтот под името Almighty, а зошто токму на македонски јазик – бидејќи упатува велешките хакери кои „го направија“ Трамп семоќен и го донесoа до победа на претседателските избори.
После „Газозата“ во популарната серија Blacklist и после натписот „Целина“ кој се појавва во новиот Bladerunner, еве додатна доза кирилица и кај американските рапери и Еминем.
Нема коментари