Излезе првиот трејлер за Дизниевиот филм „Круела“, приказна за познатата негативка од филмовите „101 далматинец“, Круела де Вил, со Ема Стоун во главната улога. Оскаровката Стоун ја глуми младата Круела, а филмот е фокусиран на нејзиниот живот пред да почне да ги мрази кучиња. Се враќаме во Лондон во 70-тите години и го следиме животот на младата Естела де Вил, пред да стане лошата Круела, таа е амбициозна модна дизајнерка со панк-рок и авангарден личен стил. Што значи многу интересни костими и стајлинзи, кои во филмот ги потпишува британската костимографка Џени Биван (позната по нејзините работни стајлинзи за Шарлиз Терон во „Mad Max: Fury Road“, Хелена Бонам Картер како кралицата Елизабета во „Говорот на кралот“ и Рејчел Мекадамс во „Шерлок Холмс“).
Во трејлерот за филмот ја гледаме Ема како од надежната дизајнерка Естела се трансформира во лошата Круела, каква што ја знаеме од филмовите за далматинците, во кои ако се сеќавате, Глен Глоуз ја глумеше Круела. Филмот „Круела“ е во режија на Грег Гилеспи, покрај Стоун глумат и Ема Томпсон и Марк Стронг, а премиерата е во мај годинава.
Нема коментари