Рекламната кампања на модната куќа „Версаче“ за есен-зима 2018/19 доби епски размери откако беа ангажирани 54 женски и машки манекени во „најдолгиот“ рекламен имиџ во модниот свет, а во која се појавуваат познати модели и манекени почетници како Џиџи Хадид, Каја Гербер, Бела Хадид, Иман Хамам, Грејс Елизабет, Стела Максвел… Познатиот Стивен Мајзел ги потпишува фотографиите, живопсниот стајлинг е дело на Џејкоб К., а шминката и фризурата се на Пет Мекграт и Гвидо Палау.
-Мојот тим не се состои само од работниот тим. Кланот Версаче се сите членови на семејството на Версаче – клиенти, модели, обожаватели, фотографи, стилисти, пријатели, уметници и сите кои веруваат дека да останеш релевантен значи да напредуваш и гласно да го кажуваш својот став. Тоа се сите оние кои веруваат дека модата не е начин да се каже „Погледни ме“, туку „Погледни ме, имам нешто да кажам“ – вели Донатела Версаче која за кампањата повика 54 манекенки да ги носат креациите од нејзината есенска колекција.
1/13 – Shot by Steven Meisel, the #VersaceFW18 campaign features the longest-ever advertising image. Side by side, the main image features a cast of fifty-four models symbolizing inclusivity, a key value for Artistic Director, @Donatella_Versace and her vision for the brand. #TheClansOfVersace #TeamDV Photographer: #StevenMeisel Artistic Director: @donatella_versace Creative Ad Campaign Director: @ferdinandoverderi Casting Director: @pg_dmcasting Stylist: @kjeldgaard1 Makeup Artist: @patmcgrathreal Hair Artist: @guidopalau A post shared by Versace (@versace) on
5/13 – This image made up of 54 models is a true representation of clans that embody everything Versace stands for – diversity expressed together with innovation in the fearless representation of what it means to be daring. #TheClansOfVersace #TeamDV Discover the #VersaceFW18 campaign at the link in bio. A post shared by Versace (@versace) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари