Студениов августовски ден нè инспирира да почнеме да ги планираме есенските комбинации и констатиравме дека во првите денови на сезоната што следи ќе носиме шик стајлинзи кои се далеку од комплицирани. Овие стилски споеви се забираат на употреба на некои од летните парчиња кои можеме да ги носиме во слоеви со потопла облека. Препорачуваме да мешате трендовите, да конструирате пропорции и да не претерувате со детали. Идејата е на едноставен начин и без многу комплицирање да креирате шик изглед. Додадете дуксер или тексас јакна, летниот фустан комбинирајте го со фармерки и блуза со долги ракави, измешајте спортски и елегантни парчиња, летната комбинација надградете ја со есенски обувки, носете елегантни кошули со миди здолништа, под трендовската сина кошула облечете ролка…
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари