Манекенката Ешли Греам го редефинира терминот „тело за бикини“ преку новата кампањата на брендот за костими за капење Swimsuits for All и гордо ги покажува своите облини на фотографиите кои првпат се појавија во новото swimsuit издание на Sports Illustrated. Плус сајз манекенката всушност ја креираше капсулната колекиција на бикини за брендот, а во кампањата се појавува заедно со неколку обични жени, односно неманекенки, гордо покажувајќи дека секое тело е за бикини. Групата на жена составена од Ешли и неколку млади и повозрасни жени од Порторико изгледа весело, а целата кампања е позитивна, ја зголемува самодовербата и љубовта кон своето тело.
Греам е доста актуелна периодов, се појавува на мартовската насловна на Vogue US заедно со уште неколку супермоделки со која се промовира различност во модата, а претходно ја красеше и јануарската насловна на британски Vogue, што влева надеж за промена во модниот свет во однос на моделите што носат плус сајз облека. Греам во моментов е и заштитно лице на колекцијата што Прабал Гурунг ја креира за американскиот бренд за мода со поголеми величини, Lane Bryant. Гурунг предлага квалитетна, модерна и луксузна облека која задоволува повеќе потреби на жената, од деловен изглед со вечерни комбинации. Дизајнерот заедно со Ешли и познатиот фотографски тандем Инез и Винод, преку кампањата промовираат инклузивност во модата на сите жени, без разлика на нивната форма.
Нема коментари