• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

EUCERIN UREA Repair PLUS Производи за нега на сува кожа

Од stylist @StylistMKD · На декември 7, 2016

ecn_13202_atopicontrol_1_1_mother_child_bv

Една од почестите причини за посета на дерматовенеролог е сувата кожа. Бројни надворешни и внатрешни фактори доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, при што се нарушува нејзината функција. Доаѓа до уште поголема загуба на вода од кожата кон надворешната средина, а во обратна насока, во кожата полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, а особено постојаниот или периодичен јадеж, видно го вознемируваат пациентот!

87974_urea_repair_plus_5p_koerpercreme_450ml_layer_print

Правени се бројни обиди со локална терапија да ѝ се помогне на кожата. Пред повеќе од 80 години, резултатите од експериментите со уреа довеле до зголемување на употребата на уреа во дерматотерапијата и негата на кожата, кога креми за раце со уреа почнале да се препорачуваат за егзем. Искористувајќи го претходното искуство, научниците на Еуцерин направија линија на производи кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на сувата кожа, со помош на уникатната комбинација на активни состојки во нив. Уреа е главната активна состојка, по која и целата палета на производи го добила името. Таа претставува еден од најважните крајни производи во метаболизмот на протеините и се наоѓа во речиси сите телесни течности. Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори (ПХФ) на кожата. Нејзиниот ефект во производите е засилен со додавање и на други ПХФ-и, па така имаме уште поголема задршка на вода во кожата.

Заради намалената функција на лојните жлезди во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

69617_urea_repair_plus_10p_lotion_250ml_layer_printВо Македонија имаме цела линија на Еуцерин производи за нега на сува кожа: 5% Urea дневен и ноќен крем за нега на сува кожа на лицето, 5% UreaRepair PLUS крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете, 10% UreaRepair PLUS крем за нега на суви и груби стапала, гел за миење и шампон со 5% уреа и два лосиони за тело- 5% UreaRepair PLUS хидратантен лосион и 10% UreaRepair PLUS регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж. Од оваа есен линијата е дополнета со уште еден нов производ – Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Крем за тело. Производот е со економично пакување од 450 мл и е наменет за нега на многу сува и груба кожа на телото.

Производите со уреа имаат и други активности кои ги прават многу погодни во третманот на дерматолошките заболувања. Истите може да бидат искористени и како подлога на која, зависно од клиничката состојба и потребите на кожата, докторите можат да додадат и соодветни лекови, бидејќи уреата ја подобрува пенетрацијата и/или активноста на други лекови за локален третман на кожата, како што се топичните кортикостероиди, антралинот, третионинот, салицилната киселина и др. Зависно од концентрацијата, уреата ги отстранува и изумрените површински клетки и го смирува интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и сл. и да уживаме во својата кожа.

EucerinEUCERIN UREA Repair PLUSЕуцеринкозметиканега на кожасува кожаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • little mac (1) новини

    Симпатични и практични мини M•A•C производи

  • mon guerlain (12) новини

    Ден посветен на женственоста – промоција на новиот парфем Mon Gurelain Florale

  • oriflame viktorija loba (5) новини

    Викторија Лоба новото заштитно лице на Орифлеим: „Сите жени се убави на свој начин“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • CELIA COLLECTION

    Росица Мршиќ на модно шоу ќе ја претстави новата колекција Celia

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • Linea fotosesija 11

    Како се снимаше фотосесијата на „Линеа“, Windmillshop и „Фабрика 13“

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kariera Plus 4 rodenden (1)

    Роденденската фотосесија на „Кариера плус“

    април 21, 2018
  • 2 pastelni kostimi

    Костимите во пастелни бои стилски императив сезонава

    април 20, 2018
  • 0 elie-saab-bridal-wedding-dresses-spring-2019-018

    Венчаници на Ели Саб инспирирани од виенскиот бал

    април 20, 2018
  • Spomenici na Revolucijata - poster

    Споменици на Револуцијата: Патувачка изложба на Марко Кројач

    април 20, 2018
  • rosica-poster

    Ретроспективна изложба на фустани од Росица Мршиќ во Софија

    април 19, 2018

Убавина

  • Kariera Plus 4 rodenden (1)

    Роденденската фотосесија на „Кариера плус“

    април 21, 2018
  • ???

    Се запознавме со пролетните новитети на Clinique, ама и со брендот Glam Glow

    април 19, 2018
  • little mac (1)

    Симпатични и практични мини M•A•C производи

    април 13, 2018
  • najprodavani proizvodi

    Козметички прозводи кои се продаваат секоја минута (и многу почесто)

    април 11, 2018
  • jennifer-lopez-inglot

    Џенифер Лопез лансира мејкап линија за Inglot

    април 6, 2018

Живот

  • 1

    Во Skopje City Mall мебел и додатоци за домот со промотивни цени

    април 16, 2018
  • Photo 2

    Зошто протеинскиот леб е подеднакво здрав за сите

    април 13, 2018
  • veligdenski jajca 1

    Идеи за фарбање и украсување на велигденски јајца

    април 6, 2018
  • 1

    Фарбајте велигденски јајца на природен начин

    април 5, 2018
  • fitness hallle berry

    Хали Бери има интензивен тренинг и многу згоден тренер

    април 4, 2018

Култура

  • Spomenici na Revolucijata - poster

    Споменици на Револуцијата: Патувачка изложба на Марко Кројач

    април 20, 2018
  • 050_A128C003_160811_R1HA

    Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“

    април 19, 2018
  • zvezdeno dete1

    Промоција на книгата „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов

    април 18, 2018
  • knigi

    „30 години читаме со задоволство“ слоган на годинешниот Саем на книгата

    април 17, 2018
  • msu

    Меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“ во Музеј на современата уметност

    април 16, 2018

Тагови

H&M Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics