• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фит-форма 0

Ева Мендес открива како ја одржува линијата

Од stylist @StylistMKD · На март 10, 2017

eva-mendes-shape-today-170308-02_2ca151dc1835270d73b3a3070b81efc4.today-inline-large

Актерката Ева Мендес позира во фотосесија во новото издание на списанието Shape и во интервјуто открива како се храни, вежба и како ја одржува линијата после раѓањето на двете ќерки Есмералда (2 години) и Амада (11 месеци), кои што ги има од врската со Рајан Гослинг. Таа вели дека со две мали деца постојано е во движење, што ѝ помогнало побрзо да ја врати витката линија. Иако е зафатена со децата се обидува да најде слободно време за тренинг, макар биле тоа само неколку минути. Тренингот за неа е време посветено само за себе, па покрај мајчинството прироритет ѝ е да си посвети барем еден час дневно за својата добросостојба. Ева сака трчање и спринт, и вели дека гледа подобри резултати во трчањето комбинирано со кревање тегови, отколку во 30 минути со кардио вежби на подвижна лента.

-Всушност, поголем предизвик ми беше да се вратам во форма по втората ќерка. Сепак, не беше толку тешко како што мислев дека ќе биде, бидејќи постојано сум во движење, никогаш не седнувам, по цел ден нешто работам – вели Ева за Shape.

Актерката која вежба три пати во неделата, раскажува за својот начин на исхрана. Јаде многу здраво, многу лосос, киноа и салати, од дома ги има исфрлено сите елементи на junk food, а благото е ставено на минимум. Но, открива и една необична навика – секој ден го јаде истиот оброк и за ручек и за вечера.

1280_eva_mendes_april2017_SHAPE_004

-Денот обично почнувам со јајца. Мислам дека јајцата се како магија, толку многу работи можете да направите со нив, јас најчесто правам кајгана и ја јадам со тостиран леб. Пораснав јадејќи ориз и грав, и така секогаш се трудам да се има некој вид на житарка во секој оброк. За ручек јадам најчесто лосос со ориз или со киноа и се обидувам секогаш да имам и салата. Истиот оброк го јадам и за вечера. Роб сум на навиките во овој поглед. Не се замарам премногу со исхраната, таа за мене е само гориво за телото. Морам да признаам, она за што чезнеам е јадење на маса. Во моментов сум во фаза со две мали деца и јадам во движење и од нога – признава актерката Ева Мендес.

Што се однесува до благото, има едно слатко задоволство кое треба да го избегнува, но не може да му одолее – омиленото чоколадо Cadbury eggs, слично на киндер јајца.

Ева признава дека е домашарка и сака комфорна домашна атмодфера. Повеќе би седела дома со децата отколку да се појавува на холивудски настани, тоа е и причината што не се појави на овогодинешното доделување на „Окарите“, кога нејзиниот сопруг Рајан Гослинг беше номиниран во категоријата најдобра машка улога за филмот „Ла ла ленд“.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • pilates фит-форма

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

  • PR Objava HalkEco Skopje Run 2023_1a фит-форма

    Уште 2 дена до завршување на пријавувањето за ХалкЕко Скопје трча 10км

  • Victoria-Secret-VSX-Sport-VS-knockout-crop-pants-60-63 фит-форма

    Фитнес дрескод за успешно и удобно вежбање

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics