• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, модни додатоци 0

„Fabrika 13“ дизајнира уникатни ранчиња и торби што будат радост

Од Ана Несторовска · На септември 20, 2017

Fabrika13 (6)

Шарени ранчиња за деца и за возрасни, рачно цртани чанти, персонализирани модели, несесери, торби за пелени, торбичка-бубреже и паричници декорирани со стрип-јунаци, животни, анимирани ликови и друг вид принт се само дел од уникатните креации што секојдневно се создаваат во работилницата на „ Fabrika 13“. Наташа Јакимовска, која стои зад овој македонски бренд за рачно изработени торби, речиси пет години креира модни додатоци поинакви од стандардната понуда. Откако не успеала на пазарот да најде соодветна уникатна чанта во нејзин стил, оваа професорка по филозофија одлучила самата да си изработи еден модел. Процесот ѝ се видел интересен и инспиративен, па не застаната на една чанта. Продолжила со втора и трета, прво за најблиските, а потоа нејзиното хоби прераснало во главна професионална преокупација и создавање на својот бренд „Fabrika 13“. Пред година и пол за прв пат почна со изработка на детските ранчиња со мачиња, по кои стана препознатлива. Станува збор за модели на прерамки кои може да се најдат во продавницата „Бебе слинг“ во Скопје. Во меѓувреме приказната со детските ранчиња има нов апдејт, а тоа се персонализираните ранчиња со преклоп.
-Мислам дека подарокот добива поголемо значење кога е персонализиран, плус ако на тоа се додаде омилениот јунак од цртаните филмови, задоволството е гарантирано. Бидејќи го носат името на сопственикот, нив ги изработувам по нарачка, затоа што и самиот процес на изработка не дозволува украсување на ранчето откако ќе биде готово-вели креативката на чии модели има аплицирано бувчиња, лисици, мачиња, Бетмен, балерини, Star Wars, цветови, кактуси и друго.

Fabrika13 (4)

Персонализираните ранчиња со преклоп се новите креации од работилницата на Fabrika13

За изработка на ранчињата и мотивите комбинира текстил со текстилни бои. Некои од мотивите во целост ги црта рачно, а некои ги изработува комбинирано.
-Во изборот на техниката се раководам од самиот мотив кој треба да се изработи и го бирам наједноставниот начин за негово реализирање, а во исто време да изгледа убаво и да одговара со самиот материјал на ранчето. Мотивите честопати се јунаци од цртаните филмови, паралелно со животни како мачиња, лисици и сл. Се случува да добијам и конкретна нарачка, а во други случаи јас им давам предлог – идеја на луѓето и се договараме заеднички околку сите детали. Изработката по нарачка понекогаш може да биде и потешка но, секогаш наоѓам нешто инспиративно во нив. На тој начин учам нешто ново, дознавам повеќе за моите купувачи и се трудам наученото да го применам во натамошните изработки. Кога ги бирам боите, светлите бои и комбинации се оние кои повеќе ми се допаѓаат за деца. Ме асоцираат на детска среќа и безгрижност, а таа е и пораката која треба да ја пренесат-вели Наташа.

 

Fabrika13 (7)

Наташа изработува и уникатни торби за пелени

Моделите може да ги носат деца до осум до девет години, зашто големината им е доволна за да собере и учебници внатре, а во исто време ранчињата се и меки т.е. од внатре се обложени со синтетички памук. Сега засега овие ранчиња може да се набават само преку фан страната на Fabrika 13 на Facebook.
Јакимовска летово почна да изработува тобички за на половина, популарно наречени торбичка-бубреже.
-Почнав да ги дизајнирам со цел да внесам свежина во понудата на изработки. Мислам дека бубрежињата се навистина практични и бев позитивно изненадена од интересот кој го предизвикаа. Оние модели кои ги изработив беа со летни мотиви: цвеќиња, дрвја, кактуси, лубенички, кригли со пиво. Планирам да изработам и нови, со нови мотиви и да ги вклучам во постојана понуда. Секако, продолжувам и со изработка на торби и чанти. Имам некои идеи за нови модели, само останува да се организирам добро и да започнам со изработка-вели сопственичката на „Фабрика 13“, чие мото е „носете со радост“. Токму чувство на радост будат овие рачно изработени торби и ранчиња.

 

Fabrika13 (3)

Шарени ранчиња изработува и за возрасни

Fabrika13 (1)

Торбичка-бубреже наиде на позитивна реакција кај клиентите

Fabrika13 (8)

Тобри за бебиња, несесери, паричнички и чанти со принт се дел од изработките на Јакимовска

Fabrika13 (5)

Ранчиња за модерни девојки

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Fabrika13македонски дизајнмакедонски дизајнеримакедонски дизајнерина чантиНаташа Јакимовскапаричнициранци за децаранчињарачна изработкаторбиторбичка-бубрежеФабрика 13чанти
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 модни додатоци

    Шапката најелегантниот зимски моден додаток

  • 1 модни додатоци

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Високи чизми во јаки бои

  • cizmi модни додатоци

    ИНСТАГРАМ ТРЕНД: Чизми со дебел ѓон

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021
  • ??????????

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics