Познатиот музичар и продуцент неодамна беше именуван како креативен директор на машката линија на Луј Витон, а деновиве ја претстави првата колекција за модната куќа за сезоната пролет-лето 2024, на спектакуларен настан на најстариот париски мост Пон Неф. Во присуство на бројни големи имиња од светото на модата, музиката и филмот, Фарел прикажа колекција на тема радост, изјавувајќи дека неговата цел е да испрати пораки за љубов и мир. Иако музиката му е главна професија, Фарел и претходно се занимаваше со модата соработувајчи со Шанел, Адидас и Монклер.
Дебито на Фарел за Луј Витон беше полно со референци на иконографијата на париската модна куќа, но и на неговото стилско наследство. Внимание привлече дигиталниот „декамуфлаж“ принт, а Фарел се наврати и на легендарниот LV принт на шаховска табла познат како dаmier прв пат претставен во 1889 година, сега инкорпориран на облеката, на чантите во жолта боја, на сценографијата на самата ревија. Низ колекцијата се појави и новиот изглед на класичниот LV логотип, кој повремено се комбинира со зборот Lovers и се претвора во зборот LVers. LVers е состојба на умот: топлина, благосостојба и добредојде. Тоа е културата на глобалната заедница поврзана со почитување на основните вредности на куќата Луј Витон.
Нема коментари