Почна сезоната на носење на омилените есенски обувки, а тоа се чизмите до глужд. А во есенските денови има една комбинација која постојано ја повторуваме и никогаш не ни е досадна – фармерки во комбинација со чизмички. Оваа безвременска модна формула се движи од класичниот микс на фармерки, мантил и чизми до глужд, до пооткачени верзии со чизмички во златна боја, лакирани или футурустички изглед. Се ротираат разни видови на фармерки, тесни, со килот-крој или XXL широки, а во долниот дел се стилизираат со металик обувки, трендовски чизмички во бела боја и есенскиот тренд на чизми со врвки во викторијански стил.
Нема коментари