Брендовите со достапни цени често се повикуват на трендовите што ги промовираат големите модни куќи и прават свои верзии на најбараните стилови на сезоната. Во тој контекст шведскиот high-street гигант H&M креираше модел инспириран од едни од најбараните и најпродавани фармерки во периодов од колекцијата на Vetements. Моделот на фармерки – рамни, сечени над злобот и разресени и со вшиени панели од колекцијата на Демна Гвасалија за својот бренд Vetements станаа едно од најбараните парчиња меѓу модните ѕвезди, па во нив се забележани Мирослава Дума и Алекса Чанг. Но, чинат скоро 1.000 евра, поевтини верзии може да се најдат во асортиманот на брендовите со достапни цени. Сличен модел кај H&M чини околу 50 евра, но лоша страна е што овие фармерки веќе се распродадени на интернет продавницата, но сè уште може да се најде во некои продавници на брендот кој најави дека ќе има и нова серија поради големата побарувачка.
Нема коментари