Фармерките се едно од основните парчиња во нашиот гардеробер и скоро секој од нас има барем пар како дел од својот имиџ. Ги поздравуваме сите нови трендови кај фармерките – тесни, искинати, трапезоидни, во разни бои, со апликации, но неочекуван е предлогот на сè порелевантниот бренд Vetements. Имено, брендот во соработка со Levi’s претстави фармерки со функционален патент на задникот. Да, функционален е, се отвора, но што му е вистинската функција е друго прашање! Да не заборавиме дека Демна Гвасалија од Vetements ни даде неколку модели на фармерки кои станаа вистински хит (искинати на рабовите, во пачворк-стил), ќе видиме дали и фармерките кои го откриваат задникот ќе станат тренд. Инаку, за информација, чинат околу 1.500 евра!
Нема коментари