Одбележувајќи ги изминатите 12 месеци во модата со гламурозна церемонија во Ројал Алберт Хол во Лондон, советот на Модните награди додели признанија на најдобрите на британската и на меѓународната сцена. Некогаш познати како Британски модни награди, Fashion Awards 2018 беа во знакот на Пјерпаоло Пичоли од „Валентино“ кој беше прогласен за најдобар дизајнер, Клер Вејт Келер од „Живанши“ која наградата за најдобар дизајнер на женска облека ја прими од Војвотката од Сасекс, како и Мијуча Прада, Вивиен Вествуд, Ким Џонс и фотографското дуо Мерт и Маркус кои добија специјални награди.

Војвотката од Сасекс и ја доделува наградата на Клер Вејт Келер, дизајнерката на „Живанши“ што и ја дизајнираше венчаницата
Модел на годината е Каја Гербер која на настанот дојде со својата мајка Синди Крафорд и семјството. Бренд на годината е „Гучи“, а дизајнер на модни додатоци Демна Гваалија за „Баленсијага“. Во категоријата урбан луксуз победи брендот Off White на Вирџил Абло, а доделени беа и неколку награди на надоаѓачки таленти.

Роузи Хантингтон-Вајтли и Роозамунд Пајк носеа креации на „Живанши“ и беа меѓу најдобро облечените на вчерашниот настан
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари