Секогаш во тек со актуелните трендови, Fashion Group воведува картичка за лојалност која ќе им овозможи на купувачите при секое плаќање во продавниците на групацијата да собираат поени и истите да ги трошат во продажните места на нивните омилени брендови.
Клуб картичката е создадена за да ја награди довербата на купувачите со тоа што им овозможува одреден дел од сумата која ја плаќаат да се врати во форма на поени на нивната клуб картичка. Поените потоа може да се користат за купување во било која од продавниците на групација според желбите и потребите на купувачот.
Картичките освен поени носат и многу други поволности за купувачите кои ќе бидат дел од овој клуб – специјални промоции и попусти, привилегии при купување на сезонски попуст, специјално креирани настани и уште многу други награди и изненадувања според обемот на нивното трошење.
Во секоја од продавниците на Fashion Group купувачите може да се стекнат со златната клуб картичка со исполнување на основните услови и да добијат повеќе информации за новата Програма за лојалност.
Детални информации може да се најдат и на следниот линк: http://fashiongroup.com.mk/loyalty/
Fashion Group Ве очекува на уште едно уникатно шопинг искуство!
Нема коментари